Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Кадиров: „Ќе влеземе, ќе ги кршиме како ореви, чекајте нè!“

Американските тенкови „Абрамс“ се детски автомобили со педали во споредба со модернизираниот советски борбен тенк „Т-72“, ​​рече чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

„Ова е вистинска моќ! Надграден советски тенк ‘Т-72’! Рафиниран и подобрен. Со удобноста и практичноста на ‘Мајбах’. Има дури и камера за рикверц за случајно да не згмечите некого. Ја надминува странската опрема по борбена моќ, контрола, заштита и лесно користење. Кај него секој напад е како риболов на јахта – задоволство“, напиша Кадиров на „Телеграм“.

Тој додаде дека тенкот „Т-72“ е спектакуларен, препознатлив и има застрашувачки изглед.

„На таков тенк ќе влеземе во Киев и ќе извршиме денацификација кршејќи ги ‘Абрамс’ како ореви! Чекајте нè!“, порача лидерот на Чеченија.

Западните политичари постојано зборуваат за тоа како Украина мора да ја победи Русија на бојното поле и сè повеќе му доставуваат оружје на режимот во Киев.

За возврат, Кремљ одговори дека „воената помош нема суштински да реши ништо, туку само ќе ги продолжи конфликтите и страдањата на украинскиот народ“.