Судот на Американските Девствени Острови го повика мултимилијардерот, сопственик на Твитер и Тесла, Илон Маск, да сведочи во судскиот процес против моќната банка на Волстрит, која му дозволила на Џефри Епстејн сексуално да злоупотребува жени.
Иако Маск не е меѓу обвинетите во тој случај, судот на Девствените Острови го повика да ги предаде сите документи кои ја покажуваат комуникацијата што ја имал со луѓето од банката ЈП Морган Чејс и со Епстејн, кој почина во 2019 година.
Маск вчера повторно ги негираше претходните инсинуации дека Епстејн му дал финансиски совет, нагласувајќи дека е „апсурдна идеја“ дека добил финансиски совет од Епстејн.
„Тој кретен никогаш не ми даде никаков совет“, напиша Маск на Твитер.
Џефри Епстејн почина во затвор во Њујорк во 2019 година додека го чекаше судењето за обвиненијата за сексуално подведување. Судскиот случај на Девствените Острови тврди дека жените кои биле подвдувани во вилата на Епстејн на приватниот остров Малиот Сент Џејмс, биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на Епстејн и други лица.