11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дедо на девојче убиено во масакрот се јави во емисија: „Монструмот влетал и ја убил прва мојата миленичка“

Слободан Раичевиќ, дедо на едно од убиените девојчиња во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, се јави во емисијата „Впечаток на неделата“.

Рече дека неговата внука била дежурна и прва настрадала, заедно со другарката и чуварот Драган додека биле во ходникот.

„Тој монструм влета и прво ја уби мојата миленичка“, рече дедетото во емисијата, пренесе „Нова.рс“.

Коментирајќи го протестот, човекот кажа дека претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерот Синиша Мали „си играат со болката на семејствата на загинатите деца“.

Ана Брнабиќ претходно на Твитер објави фотографија, на која е сликана со Александар Вучиќ и Синиша Мали, а потоа ја фотошопирала и ги умножила тројцата во деветмина, укажувајќи дека биле фотошопирани фотографиите од протестот „Србија против насилството“ каде што се бараше оставка од Вучиќ.

Тринаесетгодишниот Коста К. на 3 мај уби девет ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар. Последната жртва е девојче кое почина денес по 12 дена борба за живот.