13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Белата куќа: Бајден со задоволство ќе соработува со победникот на изборите во Турција

Американскиот претседател Џозеф Бајден со задоволство ќе соработува со победникот на изборите во Турција, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Му честитаме на турскиот народ што на мирен начин ја изрази својата волја на гласачките места – рече Кирби на онлајн брифинг.

Медиумите потсетуваат дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во саботата дека американскиот претседател „наредил Ердоган да биде соборен“ на претседателските избори во Турција.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент претходно објави дека Турција е долгогодишен сојузник на САД и дека Вашингтон внимателно ќе ги следи изборите, додавајќи дека „САД нема да заземат страна на изборите“.

Вториот круг од претседателските избори во Турција ќе се одржи во недела на 28 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите во првиот круг не доби повеќе од 50 отсто од гласовите, објави во претседателот на турската изборна комисија, Ахмет Јенер.

Како што јави турската телевизија ТРТ, според прелиминарните резултати од првиот круг од изборите одржан во неделата, актуелниот шеф на државата Ердоган освоил 49,51 отсто, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 44,8 отсто од гласовите, додека Синан Оган освоил 5,17 отсто од гласовите.

Турскиот претседател изјави дека е уверен во својата победа во вториот круг од претседателските избори.

„Ќе победиме на изборите на 28 мај, зголемувајќи го процентот на гласови добиени на изборите на 14 мај. Ако даде Господ, ќе извојуваме историска победа“, напиша Ердоган на Твитер.

Спонзорирано: