Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

(Видео) Пожар во болница во Мадрид: Еден загинат, над 20 лица се повредени

68-годишен маж почина од вдишување чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.

Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ на петтиот кат од болницата, а причините се уште се истражуваат, соопшти портпаролот на Министерството за здравство, пренесува „Ел Паис“.

Пожарот избувнал во просторијата во која загинал мажот и било спречено негово ширење.

Според „Ел Мундо“, пациентот во тоа време бил сам. Весникот додава дека пожарот избувнал во одделот за психијатрија. Меѓу повредените има полицајци, обезбедувачи и медицински персонал, а по укажаната помош тие се пуштени дома.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе