Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Медицински техничар осуден на доживотен затвор за убиство на двајца пациенти во Минхен

Окружниот суд во Минхен осуди на доживотен затвор медицински техничар за убиство на двајца пациенти и обид за убиство на уште шест лица.

„Вашата задача беше да помогнете во лекувањето, а вие го направивте токму спротивното“, рече претседателот на судскиот совет, Норберт Ридман, објаснувајќи му ја пресудата на 27-годишниот медицински техничар.

Судот го обвинува здравствениот работник дека на пациентите им дал средства за смирување, кои довеле до смрт во два случаја кај пациенти на возраст од 80 и 89 години. Во шест други случаи пациентите преживеале.

Како мотив за убиствата медицинскиот техничар навел дека „сака да има мир“ за да спие и да игра игри на мобилниот телефон.

За време на судењето, осудениот рекол дека доколку не бил откриен, ќе „продолжел со истата пракса“.

Судот го одби барањето на адвокатот, по издржувањето на казната, врз обвинетиот да се спроведат посебни заштитни мерки за да се спречат натамошни кривични дела, но му изрече доживотна забрана за работа во медицински установи.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе