21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Чешка бесна откога Орбан ја спореди евроинтеграцијата со плановите на Хитлер

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски жестоко ја критикува споредбата на европската интеграција со плановите на Адолф Хитлер што неодамна ја направи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Византијците, Карло Велики, Бизмарк, Наполеон и Хитлер: сите тие, иако под превезот на разни принципи, сонуваа за европско единство“, истакна унгарскиот премиер минатата недела.

Липавски нагласи дека „никој не ја тера“ Унгарија да биде дел од европската заедница ако во неа се чувствува непријатно, а на критиките кон Орбан се приклучи и еврокомесарката од Чешка, Вера Јоурова, која тврди дека „Унгарците избегнуваат да се фотографираат со неа во Брисел за да не се соочат со прогон дома“.

Јоурова оцени дека со секоја таква изјава се урнисува репутацијата на Унгарија, а на прашањето дали сè уште смета дека Унгарија е демократска земја, таа одговори дека одамна се сомнева во тоа.

Чешката еврокомесарка нагласи дека и покрај реториката на Орбан, некои унгарски дипломати и понатаму се отворени за евентуален компромис за прашањата за кои е потребна едногласност на ниво на ЕУ, како што е, на пример, прашањето за санкциите.

Спонзорирано: