Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветТОП ВЕСТИ

Се поблиску вториот круг во Турција: Ердоган падна под 50 отсто, поддршката за кандидатот на опозицијата расте

Претседателските избори во Турција најверојатно ќе одат во втор круг, откако бројот на гласови за актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган падна под 50 отсто.

Иако тој се уште е во водство, имајќи предвид дека во трката има четворица кандидати, турскиот изборен закон бара втор круг, кој е закажан за 28 мај.

Според последните резултати, со преброени 89,24 отсто од гласовите, Реџеп Таип Ердоган има 49,94 отсто поддршка. Зад него е Кемал Киличдароглу со 44,30 отсто и Синан Оган со 5,30 отсто поддршка. Мухарем Инџе има 0,46 отсто, но се повлече пред неколку дена.

Според досегашната практика, остатокот од гласовите доаѓаат од големите градови, кои се „приклонуваат“ кон опозицијата во Турција. Иако е тешко да се предвиди, повеќето експерти очекуваат дека поддршката за актуелниот претседател дополнително ќе опаѓа.

Да потсетиме, вкупната излезност на турските избори е 88,27 отсто. Со други зборови, од можни 64,1 милион гласачи, на гласање излегле дури 56,5 милиони Турци.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе