Граѓаните на Турција денеска гласаа на претседателските и парламентарните избори и избраа меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.
Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а за прв пат гласаа над 4,9 милиони турски граѓани.
По пребројани 23,6 отсто од гласовите, Ердоган и натаму води со освоени 54,6 отсто од гласовите. Киликадоглу го израмнува со освоени 39,4 отсто.