9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

7 ученици повредени во автобусот кој се судри со камион и автомобил

Во автобусот кој се судри со камион и автомобил на автопатот Приштина-Пеќ се повредени седум ученици, кои по преглед се пуштени дома.

Директорот на училиштето Таљат Арифи синоќа изјави дека компанијата со која беше организирана апсолвентската екскурзија испраќа автобус за да ги врати учениците дома по сообраќајната несреќа, јавува Кљан Косова.

Тој додаде дека децата биле придружувани од лекар и медицинска сестра кои веднаш укажале прва помош.

Директорот на итната служба на Универзитетскиот клинички центар, Насер Сиља, претходно соопшти дека на лекување се примени 13, од кои седум се повредени, на кои сите им било дозволено да си одат дома, бидејќи немаат сериозни повреди.

Учениците се враќаа во Прешево од екскурзија во Албанија.