9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Што се случува со времето: По долга суша и топлотен бран денеска во Шпанија – падна снег?!

Снег падна во делови од северна Шпанија во петокот, на 12 мај, по месеци без дожд и со високи температури кои оставија впечаток на летно, а не на пролетно време.

Невообичаен снег падна во Ла Раја, планински регион во Астурија, додека медитеранските делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и Валенсија, забележаа град и силен дожд по неколку месеци без врнежи.

Шпанија е погодена од најсувиот почеток на годината откако се измерени температурите, објави во средата државната метеоролошка агенција АЕМЕТ.

Во првите четири месеци од 2023 година падна помалку од половина од просечните врнежи.

Дополнително, 11 дена досега биле потопли од вообичаено, двојно повеќе од вообичаеното за цела година.

Спонзорирано: