Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СветВо тренд...

Младо момче ja убило девојка му затоа што абортирала, има и снимки од грозоморниот момент во Тексас

Млад човек од Тексас убил девојка бидејќи дознал дека абортирала во Колорадо. Харолд Томпсон (22) ја застрелал Габриела Гонзалес (26) на паркингот, веднаш откако таа се спротивставила на неговиот обид да ја задави. Инаку, Тексас ги забрани абортусите по шест недели бременост во септември 2021 година.

Убиената девојка во средата била пронајдена со нејзиното момче на паркинг во Далас. Таа се вратила од Колорадо претходната вечер.

„Се верува дека осомничениот бил татко на детето. Осомничениот не сакал (Гонзалес) да абортира“, велат од полицијата.

Има и снимки од надзорните камери од паркингот, пишува Гардијан.

На видеото се гледа како Томпсон вади пиштол и пука на девојката во глава. Гонзалес потоа паѓа на земја и Томпсон пука во неа неколку пати пред да побегне од местото на настанот. Тој беше уапсен подоцна истиот ден и се наоѓа во затвор во Далас без кауција.

На местото на настанот била и сестрата на убиената, која слушнала пукање. Друг сведок видел дека Томпсон се обидува да ја задави Гонзалес, а таа не можела да повика полиција бидејќи немала мобилен телефон. Во моментот на убиството, Томпсон веќе се соочуваше со обвинение за напад на член на семејството.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе