11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанците утре бираат градоначалници

Во Албанија утре се одржуваат локални избори. По завршувањето на едномесечната изборната кампања на политичките партии, утре во 7 часот кога треба да бидат отворени избирачките места.

На овие локални избори право на глас имаат 3.653.988 албански граѓани, а за првпат гласаат 122.545 гласачи кои правото на глас треба да го остварат на во 61 општина во 5.211 избирачки места.

Во општите Камез, Вора и Елбасан ќе се гласа по електронски пат, а резултатот во овие општини се очекува да биде објавен неколку минути по завршувањето на изборниот процес, додека во речиси сите избирачки места ќе се врши електронска идентификација на гласачите.

Изборите се карактеризираат со рекордна бројка на кандидати, како за градоначалници така и за општински советници. Во 44 општини во трка за градоначалничката фотелја се двајца кандидати, во 14 општини ќе има 3, додека во Саранда ќе има 4 кандидати. Најголем број или шест кандидати ќе се тркаат за прв човек на општина Тирана, каде актуелниот градоначалник Ерион Велиај, кандидат на владејачката социјалистичка партија, по третпат ја бара довербата на граѓаните на албанската метропола. Најсериозен противник му е Белинд Келичи од опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“, предводена од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета.

Наспроти 144 кандидати за 61 градоначалник, за 1.063 места во советите на општините во трка се 23.791 кандидати. Од вкупниот број двајца се независни кандидати за градоначалник и десет за општински совети. Во трката за градоначалник само 15 од 144 кандидати се жени.

Спонзорирано: