Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Никој не го посетува момчето кое изврши масакр во Белград, во болницата не дошла ниту неговата мајка, пишуваат српските медиуми

Коста К. (13) коj изврши масакр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, веќе шест дена е на специјално одделение во психијатриска клиника, а како што пишуваат српските медиуми, неговата мајка ниту еднаш не изразилa желба да го види.

Момчето на 3 мај, во училиштето уби осуммина свои пријатели и обезбедувањето, а рани шестмина од нив и наставникот по историја.

– Тој е сместен на Клиниката и е следен од лекари кои секојдневно ја набљудуваат неговата состојба, а објектот е и под надзор на Одделот за криминалистичка полиција. Никој од неговото најблиско семејство никогаш не дошол да го посети, ниту пак изразил желба да го направи тоа – вели извор близок до семејството на момчето.

На Клиниката единствено дошла неговата братучетка, која не го посетила, туку само дошла и им ги предала работите за него на вработените.

– Татко му е во притвор, па нема можност да го види, а мајка му никогаш не побарала да оди кај него – вели соговорникот.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе