Авион на полска гранична полиција, кој патролирал за граничната агенција на ЕУ Фронтекс, за влакно избегнал судир со руски борбен авион над Црното Море.
Инцидентот се случил на 7 мај, пишуваат полските медиуми.
Затоа Полска денеска го покани на разговор рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андрејев, изјави портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина.
Јасина на Твитер напиша дека Полска најостро го осудува, како што наведе, „провокативното и агресивно однесување на руската страна, што претставува сериозен меѓународен инцидент“.