3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Сакам сите да престанат да умираат, и Русите и Украинците

Соединетите Американски Држави и дадоа на Украина премногу оружје и муниција кое нам самите ни е потребно, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Испративме толку многу опрема, во моментов немаме ни доволно муниција за нас. Даваме премногу“, рече тој за време на средбата со гласачите во директен пренос на телевизијата Си-Ен-Ен.

На прашањето дали сака да победи Киев, Трамп одговори дека не размислува за „категоријата победници и губитници“.

„Сакам сите да престанат да умираат, и Русите и Украинците“, рече тој.

Во исто време, поранешниот американски лидер не зборуваше за улогата на рускиот претседател Владимир Путин во светло на актуелните настани, велејќи дека коментирањето во овој момент може само да го отежне решавањето на ситуацијата во Украина.

Тој ја повтори и изјавата дека доколку биде реизбран ќе го реши конфликтот во рок од 24 часа. Претходно, на митингот на неговите поддржувачи на Флорида, Трамп рече дека САД треба да престанат да трошат милијарди долари за поддршка на властите во Киев.

Спонзорирано: