30.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Тинејџер од Унгарија осомничен за масакр: Направил симулација како убива 50 студенти

Полицијата пронашла докази дека тој „практично виртуелно веќе го извршил убиството“, имајќи предвид дека во една виртуелна игра нацртал совршена скица од своето поранешно основно училиште, во која влегол со пиштол, а потоа ги застрелал сите живи што се движат.

Како што пренесува унгарски „Бликк“, момчето од градот Мишколц на неколку социјални мрежи проговорило за својот план да пука во училиштето.

Тој планирал да купи пиштол кога ќе наполни 18 години. Планирал да оди и на стрелиште за да научи техники на гаѓање, додаваат медиумите. Тој често посетувал веб-страници кои известуваа за неодамнешните пукотници во САД.

„За време на распитот на осомничениот, тој негирал дека сторил кривично дело подготовка за убиство. Рече дека не сакал да убие никого или да добие пиштол. Тој изјавил дека страда од многу сериозни психички проблеми“, изјави Золт Џог, портпарол на Окружното обвинителство.

Иако постои медицинска документација за психичката состојба на осомничениот, во случајот биле вклучени и вештаци за да се испита истата.

„Тинејџерот, кој завршил училиште пред две години, планирал масакрот да го изврши во поранешното основно училиште, бидејќи му било блиску и имал пристап до него. Тој планирал да упадне во училиштето и да употреби оружје против чуварите кои би можеле да дејствуваат против него. Планирал да влезе и во најмалку две училници, секоја со по 20 ученици. Планирал да го употреби оружјето против 50 ученици“, објасни портпаролот.

„Врз основа на неговите објави, идентификувани се самоубиствени намери, а тој самиот истакнал дека доколку успее да ја оствари намерата ќе го сврти оружјето против себе, со претпоставка дека нема да може да се самоубие. Од друга страна, планирал да пука во полицијата која ќе дојде на местото на настанот, со намера да ја спречи неговата акција“, додаде портпаролот.

Според него, тој повеќе не го гледал значењето на својот живот, не сакал ни да живее повеќе од 19 години.

„Немањето на цел ја припишува на сопствената ментална болест и проблемите со интегрирањето во заедницата. Мислеше дека ќе добие пиштол или ловечка пушка од кругот на познаници, но нашол полуавтоматско оружје погодно за употреба“, додаде портпарол.

Според „Бликк“, ИТ експерти ја пронашле играта, поради што уапсениот не може да негира дека одржал генерален тест на својот план, макар и само на Интернет.

“Мојот клиент ќе негира дека всушност сакал да изврши масакр. Вистина е дека се потрудил на интернет, но тоа не значи дека својата фантазија би можел да ја преточи на дело во реалниот живот”, рекол Џозеф Лиши, кој правно го застапува младиот човек од Мишколц.

Тинејџерот живеел сам со мајка си во стан и бил член на чет група каде млади луѓе од целиот свет сонуваат да извршат масакр во училиште.

Шокантно е што во групата има и девојчиња кои според нивните тврдења се заљубуваат во момчиња кои организираат масакри во училиштата.

Во оваа заедница, пишува „Бликк“, потполно осаменото момче нашло виртуелни пријатели, па дури и обожаватели.

Од разговорите на неговиот компјутер се гледа дека тој разговарал со неколку луѓе за убиство на ученици во неговото поранешно училиште, а дека сака да ја убие и својата мајка.

Тој само би го оставил живо своето куче затоа што, според него, животното не заслужува да умре.

Единствениот „проблем“ според надлежните му бил тоа што не можел да добие оружје.