Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

„Со клешти ќе ги извадиме скапаните заби од таа зла уста“- Пригожин со порака до Макрон

Основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин не го криеше гневот од одлуката на францускиот парламент кој неговата група платеници ја прогласи за терористичка организација. Тој испрати директна закана до францускиот претседател Емануел Макрон, пишува „Politico“.

На прашањето на руските новинари, Пригожин рече дека „Вагнер“ ги спасува луѓето во Централна Африка од француски војници, кои „едноставно ги исмевале“.

„Со клешти можеме да ги извадиме скапаните заби од таа зла уста. Можеме да му ги извадиме забите на Макрон и воопшто на секој што истура патогена нечистотија за „Вагнер“, вели Пригожин.

Во вторникот француските пратеници ја повикаа Европската унија да го прогласи „Вагнер“ како терористичка група и да користи повеќе правни средства за да ја блокира финансиската активност на „Вагнер“ во Европа.

ЕУ воведе санкции за Пригожин во април минатата година.

„Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат цивили за политичка корист, да се дестабилизираат институциите“, рече Бенџамин Хадад, пратеник од партијата на Макрон, пред гласањето.

Паравоената група е во голема мера вклучена во битката за Бахмут, град во источна Украина, кој беше сцена на жестоки борби во последните месеци, според медиумите во светот.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе