21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Се надевам дека нашите браќа од Србија нема да застанат на страната на Западот и да воведат санкции кон Русија

Портпаролот на Путин оцени дека Белград во моментот е под поголем притисок од Западот да воведе санкции кон Руската Федерација отколку што е случајот со властите на ентитетите на Република Српска, кои го блокираат тој процес во Босна и Херцеговина.

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, изрази надеж дека Србија и Република Српска нема да попуштат под притисокот на Западот и да се приклучат на санкциите против Русија, а шефот на РС, Милорад Додик, најави средба со Путин на крајот на месецот во Москва.

Во интервју за телевизија на Бањa Лука, која е под американски санкции, Песков ги нарече Србите „браќа и стратешки партнери“.

„Има уште поголем притисок врз Србија отколку врз Република Српска“, рече Песков.

Спонзорирано: