Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Падна пешачки мост во Финска: десетици повредени, претежно деца

Една од болниците во Хелсинки соопшти дека повредени се претежно деца, кои биле дел од училишна група.

Најмалку пет лица останале да лежат на земја и не се знае нивната состојба, според локалните медиуми.

Непозната е и состојбата на повредените деца кои се пренесени во болниците низ Хелсинки. Досега со возила на брза помош во здравствените установи се пренесени 15 лица.

Несреќата се случила околу 9 часот и 30 минути, а мостот се срушил на коловозот и пешачката патека.

Очевидци велат дека се слушнал страшен звук пред да се урне конструкцијата на мостот.

„Имаше нешто како завивање, а потоа и вресок“, изјави еден од очевидците.

Оттаму посочуваат дека на местото на настанот брзо пристигнале екипи на итната помош, вклучително и спасувачки хеликоптер.

Според неофицијални информации, последните недели се работи на уривање на станбена зграда во близина на мостот. Не се знае дали тоа некако придонело за уривање на конструкцијата на пешачкиот мост.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест… Повеќе

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво. Еден… Повеќе