3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На гробот од родителите на Путин оставила порака, поради содржината ќе лежи затвор

Државното обвинителство во Санкт Петербург побарало тригодишна затворска казна за жената која оставила порака со навредлива содржина на гробот на родителите на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права „ОВД-Инфо“. Барањето доаѓа откако беше покрената истрагата против Ирина Цибанева (60) во октомври минатата година.

Рускиот портал „Медиазона“ објави дека во пораката таткото и мајката на Путин се нарекуваат „родители на лудак“ и се наведува дека „целиот свет се моли за да умре“.

Државното обвинителство во Санкт Петербург побарало тригодишна затворска казна за жената која оставила порака со „навредлива содржина“ на гробот на родителите на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права ОВД-Инфо.

Цибанева не негираше дека таа е автор на пораката. Таа рече дека ја напишала пораката откако ги гледала вестите и „сфатила дека се е многу страшно, се е тажно и има многу мртви“.

Здружението „ОВД-Инфо“ објави дека 19.673 лица се приведени поради протестите против руската агресија врз Украина од нејзиното започнување на 24 февруари 2022 година, а против повеќе од 550 се води кривична постапка.

Спонзорирано: