Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
televizija
+МакедонијаВо тренд...

Кривичните пријави на Канал 5, Телма и Алфа се споени во еден предмет на Обвинителството

Три кривични пријави за нелегално реемитување на програми на национални телевизии се споени во еден предмет бидејќи станува збор за исто дејство и едно лице, вели првиот човек на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски кој појаснува оти сега случајот е во фаза на предходна постапка. Таа вклучува низа активности за утврдување на фактичките состојби и прибирање докази.

-Се работи за предистражна постапка, за овие кривични дела не е ниту предвидена истражна постапка, бидејќи истражната постапка е предвидена за дела за кои е предвидена потешка казна затвор. За овие дела, во зависност на тоа колку е прибавената корист, казните се движат до максимум пет години затвор. Имајќи предвид дека максималната е до 5 години затвор, за ова се предвидени истражни дејствија кои во суштина се тајни истражни дејствија од страна на Обвинителство за да не се осуети постапката. Се постапува по предметот. Кога ќе се прибере целиот доказен материјал, тоа сега се работи за еден предмет, јавниот обвинител кој си го работи предметот ќе донесе соодветна одлука, се разбира имајќи в предвид сите факти, — Гаврил Бубевски – основен јавен обвинител на ОЈО Скопје.

Обвинителството нема како да го стопира нелегалното емитување на програмата, објаснува Бубевски. Во однос на паралелата за тоа што се случува во Македонија наспроти функционалноста на европските механизми за превенција и санкција за прекршување на авторски права и пиратеријата, Бубевски вели оти треба само да го превземеме.

-Државата треба да си ја усогласи таа политика и да види како и на кој начин ќе се бори против ова, бидејќи современите држави имаат свпо сериозни институции кои на многу поефикасен начин и побрзо го решаваат сето тоа, имајќи предвид дека материјата на авторското право многу е тенка со граѓанско правна заштита и кривично правна заштита, а од друга страна државата може да го изрегулира тоа на соодветен начин….Ние се стремиме кон тие земји, тоа законодавство очигледно дава резултати таму кај што е, а треба да го превземеме во тој контекст,- – Гаврил Бубевски – основен јавен обвинител на ОЈО Скопје.

Во однос на перцепцијата на јавноста дека законите не се имплементираат, Бубевски тврди дека Обвинителството си постапува, а ваквите пријави биле ретки, за две години имало само 4 случаи.

извор Kanal5.com.mk

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе