14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за Канал 5: Имаме директна, силна и недвосмислена поддршка од САД за интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју за Канал 5 ТВ зборуваше за посетата на САД и средбата со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, којашто ја оцени за исклучително пријателска и корисна со директна, силна и недвосмислена поддршка од САД за интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ.

Во таа насока, како што рече премиерот, е разговарано за предизвикот што го има државата, а тоа е носењето на амандманите, со цел продолжување на европскиот пат на државата и отворање на поглавјата.

„Императив е на сите политички партии и пратеници е да носат одлуки коишто се во насока на унапредување на животниот стандард, унапредување на економијата, на институциите, на сегашните и на идните генерации – да живеат во Европска Македонија, држава членка на ЕУ, а не да одат да работат во странство во земји членки на ЕУ.

Сметам дека пораката беше многу јасна и дека процесот е отпочнат, бидејќи е формирана работна група во Министерството за правда, каде што претставници на политичките партии и експерти од академијата и уставното право веќе почнаа со работа и подготвување на предлог амандманите, коишто потоа ќе се најдат и на јавна расправа со стопанските комори итн. и потоа во собраниска процедура пред политичките партии.

Одговорност на секој пратеник е во рамки на својот мандат да носи одлуки во интерес на државата“, порача премиерот Ковачевски во вечерашното телевизиско интервју.

Спонзорирано: