9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од процесот за членстото во НАТО, а за ФРОНТЕКС не го слушнале ѕвончето

„Не е убаво кога земјата станала членка на НАТО, вие да не сте дел од тој процес, како што не беше ВМРО-ДПМНЕ. Погледнете колку им беше непријатено, па се вадеа дека не го чуле ѕвончето кога се ратификуваше договорот со ФРОНТЕКС во Собранието“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде лош изговор е тоа дека пратениците не го слушнале ѕвончето за да се вратат во салата на Собранието за да го изгласаат договорот со кој за прв пат имаме чист македонски јазик, заедно со сите јазици на ЕУ, одобрен од сите.

Премиерот Ковачевски рече дека не знае што точно Мицкоски ветува пред странските амбасадори за гласањето на уставните измени по изборите, но во овој момент предвремени избори не се во план.

„Избори ќе имаме прво претседателски, согласно со Устав и закон, тие се некаде втората половина на март и парламентарните избори се некаде втората поливина на јуни како во секоја демократска држава избори се организираат согласно добиен мандат, трање на мандат, закон и устав. Ние сме демократија која што е членка на НАТО, која што преговара со ЕУ, претседава со ОБСЕ, не може веќе ние да импровизираме“ рече Ковачевски.