Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Ковачевски: Измените на законите за побрза градба на автопатите се барања и нашите компании

„Со измените на законите за изградба на Коридорите 8 и 10д ќе се забрзаат процедурите и тоа се измени што ги барале и нашите компании. Кога беше дискусијата во Стопанската комора, такви измени бараа и тие“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека измените не се за воведување на 60 часовна работна недела, туку се работи за регулирање на прекувремените часови работа.

„Ова не се однесува според законските измени само на овој коридор 8 и 10Д, туку се работи за законски измени кои се однесуваат и за други стратешки проекти донесени со закон во делот на патната инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската кои што голем дел се финансирани и со европски финансиски средства“ рече Ковачевски.

Премиерот рече дека Договорот со Бехтел и Енка е согласно постојната законска регулатива, а тоа што опозицијата ги блокира измените кои би го забрзале проектот значи дека тој ќе чини повеќе и ќе трае повеќе.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе