23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Има одредени сигнали од пратеници на опозицијата дека ќе гласаат уставни измени

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 на прашање за уставните измени, посочи дека одредени пратеници од опозицијата праќаат позитивни сигнали дека ќе гласаат за уставни измени.

„Ќе ви одговорам конкретно дека одредени сигнали има дека некои од овие пратеници, процедурата е отпочната и таа ќе продолжи. Нашите граѓани заслужуваат да живеат во ЕУ“ посочи Ковачевски.

Ковачевски истакна дека Владата предводена од СДСМ успеа да обезбеди почеток на преговори и да го заштити македонскиот јазик во ЕУ, наспроти хистеријата и лагите што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние ги исполнивме нашите услови и имавме интензивни и тешки преговори минатата година со француското претседателство, со соседна Бугарија. Во тие преговори се покажа дека имаме голем број на поддржувачи и добивме преговарачка рамка со ЕУ. Преговарачка рамка со која имаме чист македонски јазик потврден преку ФРОНТЕКС и заштитен македонски идентитет. Хистерија се ширеше во Скопје, молотови коктели се фрлаа. Ние ги исполнуваме нашите обврски во преговарачката рамка. Еден од условите е и вметнувањето на други делови на народи во нашиот устав. Ќе влезат и Црногорците и Хрватите и Евреите ќе бидат предлог итн. Ова е прв пат во историјата блокадата да не доаѓа од надвор туку од внатре“ порача Ковачевски додавајќи дека целата партија ВМРО-ДПМНЕ, сите пратеници од таа партија треба да дадат поддршка на уставните измени.

Спонзорирано: