23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Има одредени опозициски пратеници кои сакаат да дадат придонес за европскиот пат на татковината

„Има одредени сигнали од некои пратеници за поддршка на процедурата на уставните измени, која е почната и ќе продолжи. Нашите граѓани заслужуваат да живеат во ЕУ“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека зборуваме за платите и пензиите, но благодарение на членството во НАТО имаме најголемо ниво на странски и домашни инвестиции минатата година во споредба со било која претходна година.

„Тоа значи подобри поквалитетни работни места бидејќи инвеститорите бараат сигурност, меѓутоа поголеми ставки на БДП се достигнуваат со поголем број на компании кои што работат на европскиот заеднички пазар. Ние порано не сме можеле да замислме наши граѓани да одат да работат во Чешка, во Словачка, тоа било незамисливо. Зошто? Бидејќи ние сме бидел дел од Југославија, Југославија имала подобар животен стандард и од Романија и Полска, и од Словачка и Чешка заедно. Зошто одат сега? Бидејќи тие се влезени во ЕУ“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека ние ги исполнивме нашите услови и имавме интензивни и тешки преговори минатата година со француското претседателство и со соседна Бугарија.

„Во тие преговори се покажа дека имаме голем број на пријатели. Тука пред се мислам на Германија, Франција, не можам да не ги споменам и Чешка, Хрватска, Грција од земја со која што имавме спор сега е земја со која што поддржува силно европски интеграции и добивме преговарачка рамка со ЕУ. Преговарачка рамка со која имаме чист македонски јазик потврден преку ФРОНТЕКС и заштитен македонски идентитет“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: