Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски: Ги покачивме минималната и просечната плата, пензиите, граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат европски стандард

Ние денес имаме 100% зголемена минимална плата, во однос на претходната влада, тогаш беше минимална плата 8.000 денари, сега е 20 750 над 100% зголемена, просечната плата е 34 000 денари, тоа е огромно зголемување, пензиите ги зголемивме, така беше, така е сега, ако ме прашувате дали граѓаните тешко живеат да, граѓаните заслужуваат европски стандард и затоа јас сум еден од најголемите поборници во оваа држава за што побрзо зачленување на државата во ЕУ, рече во Само интервју на Канал 5 телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Ние ќе имаме ново зголемување на пензијата, односно веќе имаме 16% зголемување, со следното зголемување на пензиите во септември 25% за една и пол календарска година, тоа никогаш не се случило и не зависи од политичка волја. 47% помала беше минималната пензија, 60% беше помала просечната пензија. Кога зборуваме како е и како беше, така е и така беше. Дали се живее тешко- да, нашите граѓани заслужуваат да живеат со европски стандард и затоа јас сум еден од најголемите поборници во оваа држава за што побрзо зачленување на државата во ЕУ, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест… Повеќе

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе… Повеќе