18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Жената која Трамп ја силувал, излезе насмеана од судот

Е. Џин Керол излезе од граѓанскиот суд насмеана, а откако поротата го огласи Трамп за виновен оти сексуално ја нападнал во соблекувалната на Бергдорф Гудман во 1996 година.

Керол ја наведна главата додека се читаше пресудата за обвинението за напад. Додека се читаше пресудата за клевета, таа повторно ја наведна главата, кимајќи со главата во знак на согласност. Потоа, таа стана и се ракуваше со адвокатот на Трамп, Џо Такопино.

Во објавата на својата социјална мрежа „Truth Social“, поранешниот американски претседател напиша: „Апсолутно немам поим која е оваа жена. Оваа пресуда е срамота – продолжување на најголемиот лов на вештерки на сите времиња!“

Керол го напушти судот насмеана од уво до уво и не даде изјава за медиумите, но беше слушната како вели: „Многу сме среќни“.

Трамп беше обвинет за сексуално недолично однесување или напад од повеќе од дваесет жени, но досега ова беше единствениот случај што заврши пред поротата.

Спонзорирано: