13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Страв од Русите: Американските тенкови „Абрамс“ за Украина без софистицирана опрема

По повеќемесечно молење, Украинците конечно успеаја да го убедат Вашингтон да им го испрати своето најсмртоносно оклопно возило, тенковите „Абрамс“, но тие сепак нема да се користат во Украина во блиска иднина.

Причината за тоа е што тенковите се модифицираат за од нив да се отстрани чувствителната технологија која би можела да падне во рацете на руските сили, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.

„Компликација во испраќањето на тенковите „Абрамс“ во Украина е веројатноста некои од нив да паднат во руски раце на бојното поле,“ велат официјални лица и експерти.

Според Вашингтон, ова е неопходна мерка на претпазливост во случај Русите да заробат некое од возилата и да го искористат за разузнавачки податоци, велат американски официјални лица и воени експерти.

„Тоа може, но не мора, да претставува можност Русија да го тестира тенкот и да му ги бара слабите точки“, вели Колин Смит, експерт за руската армија во невладиниот тинк-тенк „РАНД корпорејшн“.

Како и во случајот со другите оружја, американската влада испраќа „соголени“ верзии од своите тенкови во странски земји. Пентагон го задржува своето врвно воено оружје за американските војници.

Тенковите се на брз пат кон Украина, но може да бидат потребни години за да се ремонтира голем вооружен систем како тенк. Сенаторот Том Котон неодамна ѝ се се потсмеваше на дефиницијата на Пентагон за брзо распоредување.

„Да постоеше политичка волја, мислам дека би можеле да ги испорачаме тенковите за период покус од осум или девет месеци,“ посочи Котон за време на сослушувањето во Комитетот за вооружени служби на 27 април.

Во меѓувреме, Украинците ќе тренираат на тенкови слични на оние што за нив се модифицираат во САД.

„Тенковите „Абрамс“ ќе ѝ дадат предност на Украина, но тоа нема да биде пресудно,“ изјави минатиот месец американскиот генерал Марк Мили на состанокот на украинските сојузници во Германија.

Спонзорирано: