4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

„Срамота, најголемиот лов на вештерки“, бурна реакција на Трамп по пресудата за сексуална злоупотреба

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп реагираше бурно откако поротата го прогласи за виновен за сексуална злоупотреба на Е.Џин Керол, колумнист на магазинот „Elle“.

Во објавата на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп ја нарече пресудата срамна и додаде дека таа е „продолжение на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“.

Трамп уште еднаш ја нарече целата работа „измама“, откако поротата составена од шест мажи и три жени откри дека тој сексуално ја нападнал, малтретирал и исто така ја клеветил Керол.

Поротата заклучи дека Трамп треба да ѝ плати отштета од пет милиони долари.

„Апсолутно немам поим која е оваа жена“, напиша Трамп на „Truth Social“.

„Оваа пресуда е срамота – продолжување на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“.

Неговата жестока реакција дојде околу 40 минути откако поротата утврди дека Трамп е одговорен за сексуален напад, тепање и клевета.