9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новинар од БиХ загина кај Бахмут, колегите ја објавија трагичната вест

Новинар на агенцијата Франс прес е убиен денеска во близина на градот Бахмут во источна Украина, објави француската новинска агенција на Твитер.

„Бевме уништени кога дознавме дека видео-репортерот на АФП Арман Солдин е убиен во источна Украина. Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските“, се вели во објавата.

Солдин беше убиен за време на ракетен истрел на периферијата на градот Часив Јар, во близина на Бахмут. Арман (32) е роден во Босна и Херцеговина, а кариерата ја започна во АФП како практикант во Рим. Тој се преселил во Лондон во 2015 година и почнал да известува од Украина во септември 2022 година.

Солдин на 1 мај објави видео на Твитер со коментар дека го преживеал ракетниот оган „град“, а една паднала на 50 метри од местото каде што се наоѓал.

Спонзорирано: