8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

Извештај од боиштето: Русите влегоа во Москва

Русија се мачи на бојното поле и трпи огромни загуби, стравува од долго најавуваната украинска контраофанзива додека Украина ги засилува нападите на територијата окупирана од Русија и беше обвинета за напади во Русија. Руските војници дезертираат на боиштето, платениците најавуваат непослушност и повлекување, руските воени групации се мразат, исмејувајќи се меѓусебно, а расцепот што владее во врвот на руското воено раоводство е сé подлабок и поширок.

Многу настани за Денот на победата ширум земјата беа откажани или редуцирани поради страв од украински напади, беше откажан и маршот на „бесмртниот полк“ за да не излезе на виделина размерот на руските загуби во војната, а на годишната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која обично е приказ на големината и моќта на арсеналот на Кремљ, се појави само еден стар Т-34 тенк, реликт од Втората светска војна, без ниту еден модерен руски тенк, а изостанаа и татнежите од прелетите на „моќните “ руски воени воздухоплови.

Всушност, и немаше никаква причина Украина да преземе било какви дејствија за да ја дискредитира парадата, руската војска е совршено способна самата да се посрамоти. Во споредба со предходните години, од почетокот на инвазијата, бројот на воени возила на овогодинешната парада бележи драматичен пад:

– 2021 година – 197 возила
– 2022 година – 131 возила
– 2023 година – 51 возила

Според британското Министерство за одбрана, на парадата, наводно, учествувале повеќе од 8.000 лица, но повеќето од нив биле помошни, паравоени сили и кадети од установи за воена обука. Единствениот персонал од распоредливи формации на редовни сили беа контингентите на железничките трупи и воената полиција.

Овогодинешната руска парада на Денот на победата на Црвениот плоштад ги истакна материјалните и стратешките недостатоци со кои се соочува руската војска 15 месеци од војната во Украина, а Путин нема ниту една победа на боиштето за да се пофали пред сопствената јавност.

Бахмут опстојува, и сеуште е под украинска контрола.

Но , руската пропагандна машинерија ја убедуваше домашната јавност дека на Црвениот плоштад во Москва, и овој 9 мај се прославува непобедливоста на руската војска, се слави победата на руската „вистина“ или поточно „победа над победата“.

Руската пропаганда на 9 мај го објави најновиот извештај од боиштето: Русите влегоа во Москва…конечно една вистина.

„9 мај“, односно Денот на победата над нацистичка Германија, зазема видно место: пропагандистите го беатифицираат, воздигнувајќи ја улогата на СССР, а сите неистомисленици се означени како „русофоби“ и „фашисти“.

Меѓутоа, оние кои постојано се фалат со своите „дела“ во Втората светска војна, самите започнаа војна против Украина и целиот демократски свет, игрјќи си со чувствата на своите граѓани, поистоветувајќи ја оваа војна со „Голема татковинска војна“, кога советите ги победија нацистите…но ете, нацистите не биле победени, се повампириле во Украинна, во западните земји, кои го напаѓаат „голоракиот“ руски народ. Ги има несекаде, само не таму каде што навистна ги има, во самата русија, и особено кај нејзиниот водач.

По правило, руските наративи и пораки на „9 мај“ се циклични, односно, секоја година се репродуцираат истите изјави, при што се прилагодуваат само локалниот и временскиот контекст.

Како што пренесува Укринформ, руската пропаганда во март-април 2023 година почна да ги обликува рамки за кампањата на 9 мај, фокусирајќи се на контекстот на тековната војна против Украина.

На пример, каналот Приднестровец Телеграм објави објава во која се тврди дека „Украинците ќе го нападнат Црвениот плоштад во Москва на 9 мај“. Според проектот „Без лага“, всушност, пропагандистите го користеле видеото на украинскиот ICTV Facty, кој останува во јавен домен. Сепак, ниту натписот на вистинското видео, ниту самото видео не кажуваат ништо за „нападот“.

Пред тоа, во март, руската пропаганда за своја манипулација го искористи украинскиот нацрт-закон за измена на член 73 од ЗК на Украина за да се воспостават банкарски денови и наведе дека, наместо 9 мај, Украина воведува нов празник „Победа над Московија“.

StopFake, исто така, го отфрли овој „извештај“, објаснувајќи дека предлог-законот, кој сè уште не бил ставен на гласање во парламентот, предлага да не се откажуваат постојните празници, туку само да се воспостават други. Конкретно, спонзорите на законот сакаат да воведат „Ден на мирот“ на 21 септември за да го прослават „мирниот живот по победата на Украина над руската воена агресија“ на овој ден. 9 мај останува редовен работен ден.

Пораките за „9 мај“ по правило ги зајакнуваат наративите за „русофобија“ и „нацистичка политика“ во одредени земји.

На пример, Летонија, Литванија и Естонија најчесто се нарекуваат „нацистички земји“, кои ги откажуваат „деновите за сеќавање“ и дури „гони луѓето за какви било обиди за прекршување на правилото“.

Покрај тоа, руската пропаганда тврди дека Украинците се тие кои предизвикуваат уште понепријателски став кон Русија. Објавувањето на рускиот Baltnews од 2022 година, кој е дел од медиумската групација Russia Today, вели: „Во исто време, буквално стандардно, антируската агресија изразена од некои Украинци кои пристигнаа во Естонија, очигледно, не се смета за провокација. ”

Дополнително, руската пропаганда не престанува да се обидува да ги шири своите основни наративи за Втората светска војна, кои ги поддржува и самопрогласениот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. На пример: „Се сеќаваме на сите невини жртви на циничните експерименти и ужасната бруталност на џелатите на Хитлер. И нема да се измориме да ги потсетуваме народите во Европа на оние кои ставија крај на најкрвавата војна во историјата на човештвото“.

Пример е изјавата на спикерот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, кој во 2022 година рече дека „актуелната генерација западни политичари сака да ја преработи историјата и да го пречкрта херојскиот чин на советскиот народ во Втората светска војна“.

Што не е во ред со пораките на Кремљ за „9 мај“ и зошто Русија не е подобра од нацистичка Германија?

Со своите пораки Русија настојува да ја монополизира Победата. Во исто време, значаен придонес даде и Украина, која беше дел од СССР, и нејзиниот храбар народ.

Дополнително, во моментов, Русија е нацистичка држава, која дури и по естетика го следи примерот на Третиот Рајх, а очигледните паралели на модерната руско-украинска војна со Втората светска војна на никој начин не се во корист на Русија:

1) Хитлер ја започна војната поради сопствените империјални амбиции. Путин исто така се обидува да ја оживее империјата и да ја заземе Украина, која ја гледа како своја колонија.

2) Нацистичка Германија, предводена од Хитлер, водеше војна за уништување, изврши геноцид и го доведе во прашање правото на постоење на другите народи и држави. Русија, на чело со Путин, сега го прави истото. Путин тврди дека нема Украинци и дека украинската држава нема право да постои.

3) Нацистичка Германија насилно го отстрани населението од окупираните територии. Русија го прави истото. Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин за киднапирање на украински деца.

Русија го уништува глобалниот поредок по Втората светска војна. Ако Путин не биде запрен, реалноста може да стане уште пострашна Трета светска војна.

Покрај тоа, рускиот диктатор, сво стилот на стилот на својот идол Сталин, ги прогласи за свој противник не само Украина, туку и целиот западен свет (всушност, сите демократии воопшто). Според неговите планови, Украина мораше прво да падне и да го отвори патот за понатамошна агресија. Ако Путин не биде поразен во Украина, тој ќе ги нападне другите европски земји како што направи Хитлер по освојувањето на Полска.

Историјата докажала дека обидите да се смири агресорот само го зголемуваат неговиот апетит. Во 1930-тите, светот ги затвори очите пред Аншлусот во Австрија и дозволи Германија да ја распарчи Чехословачка. Се освести дури кога Хитлер ја нашпадна Полска, но веќе „ ѓаволот ја беше однел шегата“.

Но, лекциите од почетокот на 20 век не беа научени, Истото се повторува и во 21 век, кога поради недостатокот на решителен меѓународен одговор на илегалната анексија на Крим и окупацијата на дел од украинскиот Донбас, Путин беше убеден дека Русија ќе ја избегне одговорноста за покренување војна од целосен обем врз Украина, со сите стравотии и ужаси кои таа ги носи со себе. Само со обединување светот може да го запре Путин и да спречи нова глобална војна, а Русите навистина да влезат во Москва…оние прогресивните, со демокатски вредности.

Драган Мишев

извор: Civilmedia.mk