13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холанѓанец го чувал телото на својот татко во замрзнувач: „Ќе ми недостигаше, сакав да разговараме“

Маж од Холандија го чувал телото на починатиот татко во замрзнувач повеќе од една година за да „разговара со него“, пренесува „Телеграф“.

82-годишниот маж изјави за локален весник дека не сакал да го пушти својот татко да си оди бидејќи во спротивно ќе му недостига.

Весникот „Де Лимбургер“ објави дека мажот го ставил својот татко во замрзнувач кога починал на 101 година од природна смрт пред 18 месеци. Телото го открила полицијата. Тие не го сомничат синот за убиството на таткото, но истражуваат дали е сторено кривично дело.

Доколку биде осуден за криење на телото, може да се соочи со затворска казна до две години или парична казна. Тој беше сослушан во рамките на истрагата, но не и уапсен.

„Во моментот ја истражуваме смртта на тоа лице и зошто посмртните останки се ставени во замрзнувач. Во интерес на истрагата засега не даваме изјави“, соопштија од полицијата.

Спонзорирано: