18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Босанка депортирана од Германија: Една од најголемите измамници ги чинела „мало богатство“

Германските власти ја сметаа Бризијана Х. (38) за една од најголемите измамнички во Хановер, но и во Долна Саксонија. Сега, како што пренесуваат германските медиуми, полицијата и судството можат да здивнат, бидејќи босанката е депортирана во Босна и Херцеговина.

До нејзината депортација, таа жена, која во меѓувреме е осудена, беше голем проблем за германската држава.

Имено, таа со години тврдела дека нема државјанство на ниту една држава, а по доаѓањето во Германија автоматски аплицирала за социјална помош, која изнесувала значителна сума за нејзиното единаесетчлено семејство.

Како што пишуваат германските медиуми, таа никогаш не покажала интерес за каква било интеграција во германското општество, а со текот на времето почнала да краде.

Како што пренесуваат германските медиуми, уште додека живеела во сместувањето за баратели на азил, Бризијана Х. почнала да краде заедно со нејзината сестра Ванеса (28, мајка на четири деца). Таа украла се што можела да најде: од чанти до кредитни картички. Наводно, користела и деца за кражби, но децата никогаш не биле приведени.

Сепак, таа самата се обиде на секој можен начин да го избегне затворот. Кога првпат требаше да заврши во затвор, со децата побегна во Франција, каде беше уапсена во околината на Лион во февруари 2020 година.

Кај неа потоа нашле 4.000 евра и фалсификувана хрватска лична карта. Таа веднаш беше екстрадирана во Германија и на крајот на април ја отслужи тригодишната казна.

За нејзините криминални дела можеби најдобро говори фактот што нејзиното досие има дури 1252 страници.

Исто така, германските медиуми пренесуваат дека нејзиното семејство ги чинело германските даночни обврзници вистинско, мало богатство, а сумата е, наводно, шестцифрена. Некои медиуми објавија дека таа добивала 2.508 евра месечно.

Како што објавија медиумите, од нејзините десет деца, седум деца поднеле барање за азил со надеж дека ќе им биде дозволено да останат во Германија.

Спонзорирано: