11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На ранетиот млад човек му откажува и вториот бубрег: нови информации за жртвите од масакрите

Министерката за здравство на Србија, Даница Груичиќ, говорејќи за состојбата на повредените во минатонеделните трагедии, изјавила дека повредениот млад човек од Младеновац, кој бил хоспитализиран во болницата „Драгиша Мишовиќ“, е префрлен на Ургентниот центар бидејќи може да му е потребна дијализа.

„За жал, мораше да му се извади едниот бубрег, а има знаци на откажување и на другиот. Другите двајца момци сè уште се во шок-соба. Девојката со повреда на главата ќе има операција на левото око и веројатно отстранување на куршумот“, рекла Груичиќ.

Таа изјавила дека денеска ќе биде опериран пациент со тешка повреда на градниот кош и ‘рбетот, а дека девојката што имала тешки повреди на стомакот била оперирана вчера и дека моментно е стабилна.

Кога станува збор за учениците од ОУ „Владислав Рибникар“, министерката рекла дека наставничката и девојчето вчера имале ортопедски операции и дека и двете се во стабилна состојба.

„Три момчиња се веќе дома, а девојката, која претходно беше во тешка состојба, и сега е во истата состојба. Ученикот со повреда на цервикалниот ‘рбет е целосно буден, почна да се движи, значително подобра му е левата рака и се надеваме дека полека ќе се подобрува и дека ќе закрепне“, рече министерот.

Груичиќ изјави дека на Детската клиника за невропсихијатрија вчера биле примени четири деца, од кои две имале идеја да убијат некого, а две сакале да се самоубијат.

Спонзорирано: