7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лајчак: Мора да покажеме почит кон Западен Балкан

Во земјите од Југоисточна Европа паѓа поддршката за влез во ЕУ бидејќи жителите сметаат дека таа не сака да ги прифати, но има партнерски програми преку кои и овие земји можат да учествуваат во заеднички теми како што е „зелениот план“ и дигитализација, рече Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, во интервју за „Хина“.

Поминаа 20 години откако ЕУ и југоисточните земји за првпат во заедничка декларација изјавија дека „иднината на Балканот е во ЕУ“. Од тој состанок во Солун во 2003 година, само Хрватска стана членка во 2013 година.

„Мое лично мислење е дека Европа мораше да го помине огромното проширување во 2004 и 2007 година. Тоа донесе многу позитивни ефекти но и елементи кои ја искомплицираа ЕУ, особено затоа што и е потешко да носи едногласни одлуки со 28, или сега со 27 земји, отколку кога имаше 15“, вели Лајчак.

„Некои земји отстапија од европските норми и вредности, што исто така генерира скептицизам кон натамошното проширување. Понатаму, објективно гледано, Европа се соочи со повеќе кризи кои не беа ниту планирани ниту очекувани, како што се финансиската криза, миграцијата и Брегзит. Сето ова го намали просторот за проширување. Јавното мислење во многу земји од Западна Европа не беше позитивно кон отворањето на пазарот на труд за нови членки, па политичките лидери не сакаа да промовираат натамошно проширување“, додаде Лајчак.

Тој разговараше со Хина во Грција, каде што учествуваше на економскиот форум во Делфи. Токму под грчкото претседателство со ЕУ, пред две децении тој им вети членство на Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина. Шестмесечното претседавање со ЕУ на 1 јули ќе го преземе Шпанија, која исто така го поддржува членството на тие земји, пренесуваат медиумите во регинот.

„Земјите од Западен Балкан, за разлика од земјите од Централна Европа, сè уште имаат нерешени прашања од минатото кои продолжуваат да ги преокупираат и целосно се посветени на тоа, рече Лајчак.

„Не сакам да зборувам за нечија вина, но имаше фактори и на страната на ЕУ и на страната на Балканот кои не доведоа до ситуација да зборуваме за иднината на ЕУ, но без напредок“, рече Лајчак. „Но, сега, по руската агресија врз Украина, гледаме дека и ЕУ и Балканот мора сериозно да го сфатат проширувањето. Тоа не може да се постигне ако едната страна го сфати сериозно, а другата не.

„Тоа мора да се промени. ЕУ мора повеќе да разговара со регионот како партнер и помалку да го учи“, додаде тој.

„Понекогаш нашиот јазик е премногу строг, премногу бирократски, кога зборуваме за условеност. Мораме да покажеме почит кон тој регион, неговите жители, да ги третираме како партнери. И да бидеме јасни за тоа што им ветуваме. Кога ќе испорачаат нешто, ние исто така мораме да испорачаме нешто“, рече Лајчак.

Спонзорирано: