13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Фон Крамон ќе бара Србија да го повлече својот глас против членството на Косово во СЕ

Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, ќе предложи во текстот на резолуцијата за Косово да се внесе и израз на жалење за гласањето на Србија против членството на Косово во Советот на Европа, пишува „Албанијан пост“.

Според Фон Крамон, гласањето на Србија против членството на Косово во таа меѓународна организација претставува кршење на договорот од Охрид, чиј член 4 го обврзува Белград да не ја попречува Приштина во интеграциските процеси.

Меѓу другото, се очекува германската пратеничка преку оваа резолуција да ја повика Србија да го повлече својот глас против членството на Косово во СЕ.

Во текстот на резолуцијата за Косово, што Европската комисија за надворешна политика ја усвои со 44 гласа „за“, осум гласа „против“ и три воздржани, се поздравува барањето на Приштина за членство во ЕУ.

Се неа се додава дека ова барање ги одразува проевропската ориентација на граѓаните на Косово и нивната јасна геополитичка ориентација.

Во текстот се поздравува и одлуката за визната либерализација за граѓаните на Косово, која беше објавена на 25 април. Со оваа одлука граѓаните на Косово од 1 јануари 2024 година ќе може да патуваат без визи во шенген-зоната.

Се очекува Европскиот парламент во резолуцијата да го повтори повикот за признавање на независноста на Косово од петте членки на ЕУ, кои сè уште не го сториле тоа.

ЕП ќе побара од ЕУ и да го забрза процесот на проширување со оценка дека тоа е најуспешниот пристап на европскиот блок за градење мир и стабилност.

Во случајот на Косово, ЕП потсетува дека „динамиката на интегративниот процес ќе зависи од напредокот во владеењето на правото, од почитувањето на човековите права и од нормализацијата на односите со Србија.

Што се однесува до дијалогот за нормализирање на односите, се очекува пред Белград и Приштина да бидат ставени истите барања – дека мора да ги спроведат сите обврски што произлегуваат од договорите што ги постигнаа и дека сеопфатната нормализација на односите ќе се постигне преку меѓусебно признавање.

Европскиот парламент на пленарна седница ќе расправа за извештаите за напредокот на Србија и Косово на европскиот пат, а европратениците утре ќе гласаат за тие извештаи.

По гласањето за извештаите, известувачот за Србија, Владимир Билчик, и Фон Крамон ќе одржат заедничка прес-конференција.

Спонзорирано: