Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Аларм поради југословенското знаме за Денот на победата во Берлин: полицијата мислела дека е руско

На комеморацијата за Денот на победата во Берлин учесник носеше југословенско знаме и на тој начин ја збуни полицијата, која го помеша со руско, пишуваат германските медиуми.

„Забрането е истакнување на руското знаме за време на прославата“, пишува „Берлинер цајтунг“.

Според написите, човекот со југословенско знаме ја поминал првата полициска проверка, но бил спречен од полицајците до споменикот на советските војници недалеку од Бранденбуршката порта.

„Од далечина знамето личеше на руско и можеше да ги испровоцира Украинците“, изјави еден полицаец. Тој додаде дека се проверува дали станува збор за намерна провокација.

Минатата и оваа година, поради војната во Украина, полицијата забрани истакнување руски и украински знамиња за време на собирите на Денот на победата во близина на трите големи споменици на паднатите советски војници во Берлин.

Во саботата Управниот суд ја укина забраната за истакнување на украинското знаме, а истакнувањето на руското знаме сè уште е забрането, според медиумот.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво. Еден… Повеќе