14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Ученикот кој го поддржа убиецот од Србија доби забрана за влез во училиште

Б.М. (14), ученик од осмо одделение на Основното училиште „Трива Витасовиќ“ во Лачарка, Србија, кој на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од апсењето на К.К.(13), виновникот за деветкратното убиство во белградско училиште со зборови на поддршка: „Тоа брате ти си крал, уште малку, па и јас ќе го направам”. Директорот на училиштето најави дека овој ученик од понеделник нема да посетува настава, а најверојатно ќе биде префрлен во друго училиште, јавуваат српски медиуми.

„Сите сме се уште во шок поради крвавиот пир во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, а ова вчера со нашиот ученик уште повеќе не шокираше. Тој ученик веќе неколку пати бил пријавуван во Центарот за социјална работа во Сремска Митровица за поблаги форми на врсничко насилство и нарушување на наставата. Станува збор за проблематично дете од згрижувачко семејство и лош ученик“, изјавил директорот на училиштето Златко Вулетиќ и додал:

„Веднаш го известивме Центарот за социјална работа, кој беше навремено и порано информиран за сите негови постапки. Од центарот ја известиле полицијата, во училиштето вчера веднаш била испратена полициска екипа од Митровица. Разговорите биле водени со неговата баба, која го презела старателството откако неговите родители го напуштиле. Сосема е извесно дека, поради потенцијалната опасност за другите ученици и наставниот кадар, како и за сите вработени, по овој инцидент, тој ученик нема да дојде на настава во понеделник, а секако не и преостанатите два и пол месеци – до крајот на учебната година“ рекол директорот.

Малолетниот Б.М. вчера бил приведен од полицијата поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста. Тој на социјална мрежа објави фотографија од осомничениот за убиството на осум деца и работник за обезбедување во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, со одобрение и порака дека ќе го направи истото како него.

Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица. Б.М. во меѓувреме е пуштен од притвор до поведување на кривичната постапка.

Спонзорирано: