13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Повеќе од 1,7 милиони луѓе на митингот на АК Партијата на Ердоган во Истанбул

Во неделата на аеродромот Ататурк во Истанбул се одржа митинг на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), каде се собраа повеќе од 1.700.000 луѓе.

Собирот се организираше во пресрет на парламентарните и претседателските избори кои се одржуваат на 14 мај.

На присутните на средбата им се обрати турскиот претседател и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, кој е и кандидат на претстојните претседателски избори.

Ердоган најави голем број големи проекти во турската метропола Истанбул, меѓу кои и „Големиот тунел Истанбул“.

– Со Големиот тунел од Истанбул дополнително ќе го збогатиме транспортот во градот, поврзувајќи 11 различни железнички линии кои секојдневно ќе ги користат 6,5 милиони граѓани – рече Ердоган и додаде:

– Во Истанбул го реализираме нашиот проект за голем тунел. Овој проект ќе биде трет тунел што ќе помине под Босфорот по Мармарај и Евроазија.

Турските граѓани на 14 мај ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори, а ќе избираат меѓу четворица претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за прв пат ќе гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, потоа Мухарем Инџе, Кемал Килидаролу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.

Избирачките места во недела на 14 мај ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони. Избирачките места ќе бидат отворени и надвор од Турција, во 75 држави и 156 претставништва на оваа земја. Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.

Спонзорирано: