7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
СВЕТ

Државниот секретар на српското МВР: Зголемено полициско присуство во сите 1.800 училишта во Србија

Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Србија, Жељко Бркиќ, изјави дека од утринава е зголемено присуството на полицајци во сите 1.800 училишта во Србија како една од мерките по масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

Нивното присуство, како што најави, ќе биде првенствено на почетокот и по завршувањето на наставата, каде што со своето присуство ќе влијаат превентивно влевајќи доверба кај учениците и родителите дека има претставници на државата што ќе ги заштитат“, рече Бркиќ за Радио-телевизија на Србија.

Тој додаде дека полициските службеници во разговор со граѓаните, родителите и наставниот кадар ќе ги приберат сите сознанија и информации од интерес за безбедноста и соодветно ќе преземат одредени мерки за да се подигне безбедноста на највисоко ниво.

Бркиќ изјави дека оваа мерка ќе остане во сила и во наредните денови со максимално вклучување полициски службеници и апелира граѓаните да пријават каква било информација што ја имаат за секаков вид проблематично однесување или друг настан што може да влијае на безбедноста на учениците и училиштата.

Пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде што на 3 мај 13-годишен ученик уби осум врсници и обезбедување, денеска има четворица полицајци, а Бркиќ наведува дека мерките за безбедност се зголемени на максимум.

Зборувајќи за глорификацијата на злосторствата и заканите на социјалните мрежи, тој рече дека од 3 мај досега на подрачјето на Белград се регистрирани 43 вакви настани, а на територијата на цела Србија повеќе од 90 настани.

Дваесет и четири настани се случиле преку интернет. Приведени се шест малолетници, а во редовна постапка се поднесени шест кривични пријави“, рече Бркиќ и додаде дека затворските казни може да бидат и до неколку години.

Спонзорирано: