14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТТОП ВЕСТИ

„Чувај ме одозгора“, болни зборови на девојче до својата загината другарка, жртва на масакрот во Белград

Десетици луѓе се собраа на новите гробишта во Белград за да го испратат во вечното почивалиште трагично загинатото девојче С. Н., кое го загуби животот во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Неколку десетици луѓе се собраа пред капелата чекајќи да почне погребот. Пријатели, семејството, познајници, со цвеќиња во рацете се збогуваа со девојката чиј живот штотуку требаше да почне, но заврши со невидена трагедија, пренесуваат медиумите во соседството.

Другарка на девојката жртва прочита неколку реченици во нејзина чест.

„Сè околу тебе те правеше посебна. Прерано си замина. Ќе живееш додека живеам и јас. Ти ветувам дека повторно ќе се видиме. Дотогаш чувај ме одозгора“, низ солзи порача девојчето.

За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакра што ја завија Србија во црно. Во Белград во саботата беа погребани четворица ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ и чуварот на тоа училиште, Драган Влаховиќ, кој почина од рацете на ученик од тоа училиште.

Во ходникот на училиштето е убиена С. Н., која случајно му се нашла на патот на убиецот.

Во Младеновац беа погребани осум лица, кои беа брутално ликвидирани од Урош Блажиќ, а меѓу нив се и полицаецот Милан П., неговата сестра Кристина и Далибор Т.

За два дена во Србија беа убиени 17 лица.

Во текот на денешниот ден закажани се погребите на уште четворица ученици, кои ги загубија животите во ОУ „Владислав Рибникар“.

Спонзорирано: