19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТИЗБОР

Од утре полициски патроли во близина на секое училиште и на сите јавни места во Србија

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште, изјави Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР на Србија во изјава за локални медиуми.

Како што наведе, полицијата ќе биде засилена на сите јавни места каде што се собираaт голем број луѓе.

– Видливото присуство на полицијата ќе биде зголемено на сите јавни места каде што се собираат голем број луѓе: во трговски центри, во паркови, на плоштади…, рече Стевандиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по двете масовни убиства што се случија во Белград и кај Младеновац, најави дека во следните шест месеци ќе бидат вработени нови 1.200 полицајци.

Спонзорирано: