4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(ВИДЕО) На самит во Анкара: Рускиот дипломат-насилник доби „заушка“ откако се обиде да го грабне украинското знаме

На самитот на Организацијата на Црноморската економска соработка (БСЕЦ) во турската престолнина Анкара дојде до „блиска средба“ помеѓу членовите на украинската и руската делегација.

„Блиската средба“ настана кога секретарот на руската делегација Валери Ставицки , на подмолен начин, од зад грб, му грабна украинското знаме на Украинскиот пратеник Олександар Мариковски кое тој го развиори зад руската делегатка Олга Тимофеева додека таа беше на интервју, и се обиде да избега.

На ова реагираше Мариковски кој, откако го стигна, „му врза две заушки“ на рускиот дипломат – насилник и си го врати грабнатото сино-жолтото .

Претходно истиот ден, некои украински делегати се пресметаа со службениците за безбедност кои се обидоа да ги повлечат додека тие организираа протест, извикуваа и држејќи ги своите знамиња до главниот делегат на Русија додека се обидуваше да се обрати пред собранието.

Додека претставниците на 13-те земји во БСЕК се состанаа во четвртокот, руските беспилотни летала продолжија да го напаѓаат украинскиот главен град Кијив и да ги пустошат украинските градови, убивајќи илјадници луѓе додека милиони Украинци се протерани од нивните домови.

Д. Мишев

извор Civilmedia