12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТТОП ВЕСТИ

Министерката за здравство: Тројца повредени кај Младеновац и двајца ученици од училиштето во критична состојба

Министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ утрово изјави дека три лица повредени од огнено оружје кај Младеновац се во критична состојба, како и двајца ученици повредени во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Грујичиќ за ТВ Прва изјави дека другите повредени се постабилни, дека дел од нив се веќе пуштени дома, а некои наскоро ќе бидат пуштени, но и дека двајца од повредените на училиште следната недела ги очекуваат ортопедски операции.

Таа изјави дека денеска од 10 до 15 часот во училиштето „Владислав Рибникар“ ќе бидат двајца детски невропсихијатари и двајца психијатри за возрасни, за да разговараат со родителите, учениците и наставниците, додавајќи дека по потреба можат да останат подолго.

Министерката рече дека во овој момент не може да зборува за оценките за тоа што довело до овие напади, туку дека треба да го чека мислењето на стручните служби.

„Професионалците ќе ги дознаат причините за тоа што се случило и како се случило и што можеме да направиме. Тие ќе дадат предлог што треба да се направи за да не се повтори ова“, рече Грујичиќ.

Таа изјави дека министерствата за здравство и образование „поминале долг пат“ во формирањето мобилни тимови од психолози, психијатри, педагози, кои ќе одат во училиштата и ќе се занимаваат со врсничко насилство, зависности, игри, интернет и други теми. бидејќи на тоа работи повеќе од еден месец.

„Добро излезе што почнавме порано, гледајќи дека нешто се случува, но ова не е само овде, го има насекаде низ светот. Ние сме во посебна ситуација, бидејќи пред 30 години, од деведесетите, живи се генерации кои се сеќаваат и на санкциите и на војната и на лажните вести во весниците за цел народ, и на 1999 година и на последиците од бомбардирањето“, рече министерката.

Во средата 13-годишен ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби осум ученици и еден работник од обезбедувањето во тоа училиште, а повреди уште шест ученици и еден наставник. Во селата кај Младеновац, 21-годишен маж во петокот уби осум лица, а повреди 14.

Спонзорирано: