12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Таксистот јавил каде е терористот; Вучиќ со детали: Од затвор нема да излезе

Нападот во Младеновац, Србија, е терористички чин. За ова е дециден претседателот Александар Вучиќ. Тој рече дека се изгубени животи на многу граѓани и дека сочувствува со семејствата и со сите граѓани.

„Ова е напад на целата држава, секој граѓанин тоа го чувствува. Ако сум поборник на теориите на заговор, ќе имав што да кажам. Изгубивме многу деца, многу граѓани. По убиството на децата, сите бевме во состојба на шок“, рече Вучиќ.

Синоќешниот напад Вучиќ го карактеризира како терористички.

„Нашите служби имаа задача да го уапсат или неутрализираат терористот. Лицето е уапсено и светлост на денот нема да види. Од затвор нема да излезе“, додаде Вучиќ.

Тој му се заблагодари и на таксистот што ѝ дојавил на полицијата каде се наоѓа убиецот од Младеновец бидејќи имало такви што знаеле, но не дојавиле.

Припадници на МВР, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсиле У. Б. (2002). Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и ранил 14. Повредените лица се згрижени во болниците.

Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан, според медиумите во соседството. Министерството за здравство на Србија итно апелира до граѓаните доброволно да даруваат крв за повредените. Во неколку болници во Белград и во Смедерево се згрижени лицата повредени во синоќешното крвопролевање кај Младеновац во Србија.

„Телеграф“ пишува дека има осум повредени на Ургентниот центар во Белград, двајца во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, а тројца во Смедерево.

Спонзорирано: