13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хеликоптери и 600 полицајци, антитерористички единици во потрага по масовниот убиец во Младеновац

Уште едно страшно злосторство ја потресе вчера Србија.

Во Младеновац и околните села Дубона, Мало Орушје и Шепшин во моментов состојбата е опсадна пренесуваат српските медиуми.

Во текот на ноќта 600 припадници на МУП го пребарале теренот, а утринава добиле и засилување.

Специјалната антитерористичка единица се уште е на терен. Како што пишуваат, сите излези од овие села во моментов се затворени, а полицијата врши преглед на секое возило.

Во тек е опсежна потрага и по напаѓачот се трага со хеликоптери на МУП и термални камери, а на терен се донесени и полициски кучиња.

Да потсетиме, синоќа Урош Б.(21) во масакрот во селото Дубона кај Младеновац уби осум лица, а рани 13. По крвавата напад побегнал од местото, а полицијата се уште трага по него.

Спонзорирано: