7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ѕвецкање со нуклеарно оружје на Твитер

На Твитер се појави предупредување дека Русија оваа ноќ може да изврши ракетни напади врз Киjив и дека две нуклеарни боеви глави, наводно, се на аеродромот, но не се вооружуваат во авионите во овој момент.

„До воздушните бази во Енгелс и Шајковка се испратени наредби да се подготват голем број ТУ-22М за лет, во текот на ноќта може да се извршат ракетни напади врз голем број административни згради во Кијив“, објави активистот Игор Сучко на својот Твитер акаунт, повикувајќи се на изјава од изворот Осечкин.

„Изворот Осечкин, исто така, тврди дека за прв пат може да се користи нуклеарно оружје, најмалку два „артикли“ веќе се наоѓаат директно на еден од гореспоменатите аеродроми, тврди Сушко.

Сушко тврди дека Осечкин сега добил повеќе од 10 пораки од различни извори во базите на руските воздухопловни сили кои се ставени на статусот „подготвени за борба“. Наводно, за оваа ноќ и рано наутро се подготвуваат големи ракетни напади врз Украина.

Од непрофитна тинк-тенк истражувачката група „Winds Of Change“ фокусирана на демократските вредности, антикорупциските системи и важноста на силната национална одбрана предупредуваат за руските бомбардери кои се опремени со нуклеарни боеви.

„Нема јасна стратегија, целта е да се преплаши и да се предизвика хаос. Службата (ФСБ) се пренасочува за да се спротивстави на државен удар. Тркалата се откачија и никој нема поим за тоа што се случува. Документите не се комплетирани за механизмот „црвено копче“. (за нуклеарно лансирање) Ова е подигање на влогот и лудило“.

Сушко вели дека деталите ќе бидат доставени подоцна.

Важно е да се разбере дека изворот (од авијација со долг дострел) го ризикува својот живот, имено, ризикува да оди во затвор доживотно. И ова не е хир или трик, денес се е многу сериозно и не се знае како ќе заврши. Не зборуваме за мајмун со граната, сите си имаме работа (поточно се соочуваме) со диктатор со нуклеарно оружје. И ако одлучи да употреби нуклеарно оружје, се надеваме дека пилотите и специјалистите на копнените служби на воздухопловните сили нема да ја спроведат оваа криминална наредба“, пишува Сушко во објавата на Твитер.

Ова секако кореспондира со најавите дека Русија ќе го искористи нападот со дрон врз Кремљ, за кој постојат основани сомневања дека самата го организирала, за да организира одмазднички напади врз Кијив. На тоа сугерира и заканата од Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, кој повика на физичка елиминација на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сепак, важно е да се каже дека за наводната подготовка на нуклеарни боеви глави за вооружување на руските воени авиони нема потврда од релевантни воени аналитичари во западните медиуми. Нема да биде чудно, како и многу пати досега, ова да е уште еден потег на Москва во нејзините операации со „лажни знамиња“ да нарача лажни објави, со цел да креира страв и паника од употреба на рускиот „супериорен “ нуклеарен арсенал, и под наводно обвинение на западот за лудоста на Путин, „уплашен“ дека рускиот диктатор е подготвен на се, да добие уште некој поен во воените пропагандни игри, откако станува се поочигледно дека на терен руската војска не успева да ги оствари замислите на Кремљ.

Д. Мишев

извор Цивилмедиа.мк

Спонзорирано: