18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тодоровски признава дека си ја назначил сопругата Најчевска за аташе во амбасадата во Прага

Македонскиот амбасадор во Прага Сашко Тодоровски, си ја назначил сопругата Мирјана Најчевска за аташе. Овој пропуст го потврди лично амбасадорот Тодоров. Со назначувањето на аташе, дали амбасадорот извршил непотизам? Неспорна е стручноста на професорката Мирјана Најчевска како научник, но исто така во случајот неспорно е и фаворизирање роднини или пријатели при доделување на функции и почести.

Амбасадорот Тодоров во изјава за медиумите, потврди дека својата сопруга Најчевска ја задолжил да извршува дипломатски задачи во македонската амбасада во Прага.

„Јас нејзе ја задолжив да биде научен аташе, да врши дипломатски задачи“ изјави Сашко Тодоровски за Канал 5.

Слабостите во неговиот ангажман како македонски дипломат во Прага траеле со месеци, затоа шефот на дипломатијата Бујар Османи му го скрати мандатот. Министерот Османи тоа го потврди денеска на брифинг со новинарите.

„Има констатирано нерегуларности во функционирањето. Не е испочитувана инструкција од страна на МНР. Ова е подолг процес во кој е спроведена процедура која трае повеќе месеци“ – рече министерот.

Спонзорирано: